Меморандум за соработка во научната и стручна дејност од областа на фармацијата... Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје Faculty of Pharmacy, UKIM - Skopje и Рош Македонија Roche, потпишаа Меморандум за соработка во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.
На потпишувањето присуствyваа Деканот на Фармацевтскиот Факултет проф. д-р Зоран Стерјев, раководителот на Центарот за кариера проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и директорот на Рош Македонија, д-р Александра Ивановска. Со овој Меморандум за соработка се отвара можност за потесна заемна комуникација помеѓу една од најголемите интернационални иновативни здравствени компании кај нас, Рош Македонија, и Фармацевтскиот факултет, УКИМ. Соработката ќе биде фокусирана на взаемна размена на информации и искуства, стручна, научна и техничка поддршка во изготвување на експертски анализи, реализација на практиканство на студентите на Факултетот за времетраење на студиите, едукативни и консултативни активности, како и организирање и учество на научни и професионални состаноци, конференции, симпозиуми и други форми на образование. Comments are closed.
|